Додека вчера почна машкото, во самата завршница влегува женското Европско одбојкарско првенство.

Одбојкарите на Србија и Чешка го комплетираа последниот пар за четвртфиналната рунда.

Ова откако Србинките убедливо со 3:0 ја добија Шведска, додека Чешка по голема драма и пет сета славеше над Украина со 3:2.

Така Србија и Чешка по својата меѓусебна пресметка закажана за во утревечер, ќе го даде последниот патник во полуфиналето.

Вечерва пак ќе го добиеме првиот полуфинален пар, по одигрувањето на дуелите во Фиренца.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Фиренца (денеска – четврток)
18.00 ХОЛАНДИЈА – БУГАРИЈА
21.00 ИТАЛИЈА – ФРАНЦИЈА
Брисел (утре – среда)
17.00 ТУРЦИЈА – ПОЛСКА
20.00 СРБИЈА – ЧЕШКА

ПОЛУФИНАЛЕ (1 септември во Брисел)
Италија / Франција – Турција / Полска
Холандија / Бугарија – Србија / Чешка