Ако на изминатите два натпревари македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше фантастичен, вечерва дури седум (7) пати ја вадеше топката од својата мрежа.
Столе и Рајо Ваљекано претрпеа вистински дебакл пред своите симпатизери и загубија со 0-7 во дуелот со Атлетико Мадрид.
Уште во првиот дел беше 3-0. Гризман (2), Депај (16), Молина (36.минута) беа стрелци на головите.
Во вториот дел Алваро Мората постигна два (73 и 84).
По големата грешка на Димитриевски во 79.минута и Кореа се запиша во листата на стрелци.
Конечните Рајо Ваљекано – Атлетико Мадрид 0-7 ги постигна Љоренте 86-тата минута.