Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години e поразена од врсниците од Турција.
Во првиот од двата контролни натпревари на овие две селекции одигран попладнево на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, Турција славеше со 2-1.
Гостите поведоа уште во 7-та минута со прекрасен гол од 20-тина на Ертем Огузџан.
Иако нашите млади фудбалери имаа повеќе убави шанси за изменување, сепак до крајот на првиот дел резултатот остана не променет.
По четири минути игра во второто полувреме, гостите во веќе имаа два гола предност (0-2). Стрелец беше Ахмет Хакан.
Младите македонските фудбалери со сите сили тргнаа кон голот на противникот, а тоа вроди со плод во 72-минута, со голота на Бленди Ганиу за намалување не негативата на 1-2.
Иако се обидуваа да стигнат до израмнување, сепак нашите кадети не успеаја во тоа, па Турција славеше триумф со 2-1.
Вториот натпревар е закажан за во четврток (31 август) во терминот од 16.30 часот.