Вистински спектакл со седум голови понудија фудбалерите на Виљареал и Барселона. натпреварот на „Ле Мадригал“ изобилуваше со пресврти и победа на Барса со 4-3.
Гостите имаа два гола предност откако Гави и де Јонг погодија во 12-тата и 15-тата минута.
Следуваше комплетен пресврт.
До крајот на првиот дел, домаќините стигаа до израмнување со головите на Фојт (26) и Сорлот (40-минута).
По само пет минути игра во второто полувреме, Баена и донесе предност на „жолтата подморница“.
Сепак следуваше „потоп“ во продолжението.
Феран Торес во 63-тата минута го израмни резултатот, а Левандовски во 71-та го постигна победничкиот гол за Барса.
Иако до крајот двата тима имаа уште по некоја шанса за гол, резултатот остана не променет, Виљареал – Барселона 3-4.