На Македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром и официјално ги започна подготовките за претстојната сезона.
На првата прозивка, тренерот Васко Атанасов на располагање ги имаше сите кошаркари на кои сметаат за претстојниот период.
Последните на тимот му се приклучија Американците Ијасу Ворку и Седрик Расел. Претходно на располагање се ставија Србинот, Душан Танасковиќ и Хрватот, Марко Баковиќ. На тимот се приклучија и македонските репрезентативци, кои добија неколку дена повеќе за одмор.
МЗТ подготвителниот период ќе го мине во Скопје. Првата контролна средба е закажана за на 5 септември, на гости кај грчкиот Арис. Потоа на домашен терен следуваат дуелите со Пеја (8 септември), Гостивар (14 септември) и на Рилски спортист (18 и 19 септември).
Првиот официјален натпревар МЗТ Скопје А. ќе го одигра на 23 септември и тоа во македонскиот Супер куп против Феникс.
Сино-белите покрај обврската за одбрана на двојната круна во домашното првенство и куп, ќе имаат и задача „експресно“ да се вратат во АБА 1 лигата/.