Египетскиот фудбалер, Мохамед Салах, е во вниманието на јавноста поради интересот на Ал Итихад за неговите услуги. Сепак, се чини дека ништо не испадна од тоа.
Многу играчи го напуштија европскиот фудбал во овој преоден рок за да заминат во Саудиска Арабија. Се споменуваше и напаѓачот на Ливерпул, но тоа барем засега нема да се случи.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, Ливерпул не планира да остане без брзоногиот Египќанец. Тоа го потврди и агентот на играчот, Рами Абас, ги демантираше гласините.
„Мохамед останува посветен на Ливерпул. Да размислувавме да го напуштиме „Енфилд“, новиот договор немаше да биде потпишан“, напиша Абас на својот Твитер профил.
Да потсетиме, Египќанецот забележа 307 настапи во дресот на „црвените“ каде успеа да постигне 187 гола, со што го мина Стивен Џерард на вечната листа на стрелци.