Бојан Миовски продолжува да ги тресе противничките мрежи. Македонскиот репрезентативец игра фантастично на стартот на сезоната за својата екипа Абердин.
Покрај головите во домашното првенство, Миовски сега постигна и гол во Лигата на Европа.
Во првиот натпревар од плејоф рундата на кај шведскиот Хакен тимот на Абердин одигра 2-2.
Иако шкотската екипа имаше негатива од два гола, сепак успеа да ја надополни, да постигне и трет гол, но беше поништен поради офсајд.
Нашиот репрезентативец Миовски партиципираше во двата гола. Го постигна првиот во 75-тата минута, а асистирање на вториот на Девин во 79-тата минута.
Нерешениот резултат е поволен за Миовски и Абердин кои реваншот ќе го играат пред својата публика.