Откако вчера беа одиграни првите три натпревари од последната квалификациска рунда за Лигата на шампионите, вечерва нови три интересни дуели.

Нај интересно се очекува да боде во Португалија каде тамошната екипа на Брага го пречекува грчкиот Панатинаикос.

Во Норвешка кај екипата на Молде гостува секогаш амбициозниот турски претставник Галатасарај.

Можеби по имињата, но не и по квалитетот на екипите и амбициите не заостануваат и две екипи од последниот пар. Израелскиот првак Макаби Хаифа е со големи амбиции повторно да биде дел од групната фаза. За остварување на целта, ќе мора да бидат подобро во двомечот со швајцарскиот Јанг Бојс, кој секако има свои сметки.

Сите натпревари ќе започнат во терминот од 21 часот.

Реванш натпреварите ќе се играат следната седмица (вторник), а ждрепката за групната фаза ќе се одржи во Монако на 31 август.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ПЛЕЈОФ (прв натпревар)
среда
БРАГА (Португалија) – ПАНАТИНАИКОС (Грција)
МАКАБИ ХАИФА (Израел) – ЈАНГ БОЈС (Швајцарија)
МОЛДЕ (Норвешка) – ГАЛАТАСАРАЈ (Турција)
вторник
АНТВЕРПЕН (Белгија) – АЕК (Грција) 1-0
РАКОВ (Полска) – КОПЕНХАГЕН (Денска) 0-1
Г. РЕНЏЕРС (Шкотска) – ПСВ (Холандија) 2-2

Сите голови од синоќешните натпревари во Лигата на шампионите