Она што веќе го најавивме, враќањето на Александар Васоски на кормилото на Вардар, сега е и официјално потврдено. 

Васоски заедно со Ѓоко Хаџиевски ќе седнат на клупата на црвено-црните веќе утре на натпреварот против Силекс. 

Васоски беше тренерот кој на Вардар му ја донесе последната титула во 2019-та. Хаџиевски пак го предводеше Вардар до пет шампионски и два трофеи во Купот на Македонија.

Хаџиевски заедно со Бабунски во неделата седеше на клупата на црвено-црните во дуелот со Воска спорт, кој вардарци го загубија. Тоа беше третиот пораз во исто толкуте одиграни натпревари во новата сезона. 

Популарните „Комити“ кои упатија своевидно предупредување до фудбалерите, очекуваат веќе утре против Силекс да се израдуваат на првата победа. 

Васоски му ја донесе на Вардар последната шампионска титула 2019 година