Македонските кошаркарски тимови, вообичаено овој период од годината ги започнуваат подготовките за новата сезона.

Први кои „ги запалија моторите“ се кошаркарите на Гостивар.

Гостиварци ќе имаат видно изменет состав во однос на минатата сезона, но амбициите остануваат исти.

Предводени од младиот тренер Никола Димитриевски, гостиварци и во наредната сезона ќе се впуштат во трка за највисок пласман. 29-годипниот тренер по втор пат ја добива довербата на управата. Димитриевски кон крајот на сезоната 2021/22, за прв ја имаше оваа функција.

Засега потврдени нови имиња во тимот се четвртината Американците, Инграм, Гипсон, Пауел и Остен.

Од македонските играчи ангажирани се Габриел Коскоски и Виктор Златевски кој лани играа за ФМП. Продолжена е соработката со капитенот Лефковски, како и бекот Митевски, а во тимот приклучени се и неколку кошаркари од младинската школа.

За првиот дел (физичките) подготовки ќе се грижи Трајче Богданоски, а потоа следуваа воигрувањето на екипата. Според најавите, Гостивар до почетокот на сезоната треба да одигра повеќе контролни натпревари.

Два од нив се со шампионот МЗТ Скопје Аеродром, а договорени се и средби со Чаир и новиот прволигаш Охрид.