Екипата на успешно ја почна новата сезона во италијанската Серија А. Во натпреварот од 1.коло Милан на гости ја победи Болоња со 2-0.

Целата работа фудбалерите на Милан ја завршија во воведните дваесетина минути. 

Оливие Жиру и новото засилување од Челзи, Кристијан Пулишиќ, беа творци на победа.

Во 11.минута, по акцијата одличниот центаршут на Пулишиќ, Тијани Рајндерс убаво ја спушти топката до Оливие Жиру за водство од 1-0. 

Американецот и Французинот одиграа одлична двојна комбинација во 21.минута, која на ефектен начин ја заврши Пулишиќ за водство од 2-0. 

Милан и во продолжението на натпреварот имаше повеќе од играта, но резултатот до крајот остана не променет. 

Милан во следното коло ќе го пречека Торино, а Болоња има тешко гостување кај Јувентус.