Англискиот вице-првак Арсенал се изнамачи да стигне до трите бодови ви дуелот со Кристал Палас. 

На натпреварот од .2коло на Премиер лигата, Арсенал славеше минимално со 1-0 на гостувањето кај Кристал Палас.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 56.минута од пенала, а стрелец беше Норвежанецот, Мартин Одегарт.

Задачата на гостите од Лондон ја отежна Јапонецот, Тимијасу, за само седум минути заработи два жолти картони. така Арсенал од 67-та минута играше со фудбалер помалку.

Сепак „топчиите“ успеаја да ја одржат предноста и да прокнижат нови три бода.

Така Арсенал им се придружи на Брајтон и Манчестер Сити, кои имаат максимален учинок во овие двете одиграни кола.