Во Првата македонска фудбалска лига денес со почеток од 17 часот ќе се одиграат пет натпревари од 3-тото коло.

Тиквеш во Кавадарци ќе ја брка третата победа на исто толку натпревари. Оваа мисија за кавадарчани нема да биде лесна бидејќи им гостува екипата на Шкендија. За тетовчани ова ќе биде втор натпревар поради тоа што натпреварот од второто коло им беше одложен.

Минатата сезона екипите на Воска Спорт и Вардар имаа доста интересни натпревари во втората лига, а сега е време за нивни прволигашки дуел. Во Охрид и двете екипи ќе го бараат својот прв бод во новата сезона.

Екипите на Работнички и Македонија ЃП ќе го одиграат скопското дерби. Двете екипи имаат една победа и еден пораз, а тоа значи дека не очекува интересен натпревар.

Шкупи важи за голем фаворит во денешниот натпревар со Силекс. Чаирчани откако славеа во големото дерби со Вардар, сега атакуваат на втора победа.

Во Штип, екипата на Брегалница ќе ја угости екипата на Гостивар. Гостиварчани се уште се без освоен бод откако се вратија во елитното друштво.

Последниот натпревар од третото коло помеѓу екипите на Струга ТЛ и Брера Струмица ќе се одигра утре со почеток во 17 часот.

ПРВА ЛИГА – 3.КОЛО
недела 17 часот
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКУПИ – СИЛЕКС
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
понеделник 17 часот
СТРУГА ТЛ – БРЕРА СТРУМИЦА