Кошаркарите на Соединетите Американски Држави ја совлада Грција со 108:86 во подготвителниот натпревар пред Светското првенство.
Многумина го потценија овој тим Американци, без најголемите НБА ѕвезди, но селекторот Стив Кер, и неговите избраници покажаа дека веројатно се прв фаворит на претстојниот Мундобаскет.
Веќе во првата четвртина Американците стигнаа до 17 поени предност (32:15). Во средината на вториот дел Грците намалија на -6 (37:31). Но, „дрим-трим“ вообичаено на стартот од вториот дел го зголемија ритамот и стигнаа до убедливи 20 поени предност (86:66). На крајот добро се снајде Грција, иако беше поразена со 22 разлика, лесно можеше да биде поубедлива во корист на Американците.
Најефикасен во победничкиот тим беше Енотни Едвардс со 21 поен, Кам Џонсон постигна 13, а Остин Ривс постигна 11 поени.
Никос Рогавопулос и Панајотис Калаикакис постигнаа по 12 поени во селекцијата на Грција.