Македонскиот првак Струга Трим Лум е на чекор до пласман во групната фаза на Конференциската лига. 

Стружани иако на гостувањето во Луксембург загубија од Есперанж со 1-2, сепак со вкупни 4-3 се пласираа во плеј-оф рундата.

Во 15-минута Радевски заработи директен црвен картон па продолжението Струга го играше со фудбалер помалку. Сепак во 17-минута Бесарт Ибраими одлично реагираше на уфрлувањето од левата страна и му донесе предност на својот тим. Ибраими и во 22.минута имаше шанса за втор гол, но еден од домашните фудбалери со глава од самата гол линија ја исфрли топката во корнер. 

И капитенот Шабани во 34-тата минута имаше голема шанса но не успеа да ја зголеми предноста. 

Во вториот дел, домаќините преку Густаво во 70.минута го израмнија резултатот. 

Во третата минута од судиското дополнение Ахалаја му донесе водство на Есперанж од 2-1. Но, немаше време за луксембуршкиот тим да постигне уште еден гол и да се избори за продолженија.

Последна пречка на Струга ТЛ за пласман во групната фаза ќе биде исландскиот тим Брејдаблик.