Екипата на Струга Трим Лум вечерва ќе го игра реванш натпреварот од квалификациите за Конференциската лига против Есперанж.
Македонскиот првак на гостувањето во Луксембург замина со предност од 3:1 остварена на првиот натпревар во Скопје.
Двата гола позитива треба да бидат голема предност за стружани кои се многу блиску до плеј-оф рундата, но и групната фаза.
Имено доколку Струга ТЛ го мине Есперанж, во последната квалификациска рунда би имал противник по мерка.
Како стојат работите тоа би бил исландскиот тим Брејдаблик кој е пред елиминација во 3.коло за Лига Европа. Исланѓаните загубија убедливо со 6:2 во првото соочување со Зрињски, па само чудо може да го елиминира босанскиот тим плеј-офот.
Но. Прво Струга треба да си ја заври својата работа и да го потврди пласманот во плеј-офот.
Натпреварот Есперанж – Струга Трим Лим ќе се игра вечерва од 20 часот.