Екипата на Манчестер Јунајтед со победа ја започна новата сезона во Премиер лигата, благодарение на Французинит, Рафаел Варан.

На натпреварот одигран на „Олд Трафорд“,  Јунајтед славеше минимално со 1-0 во дуелот со Вулверхемптон. 

По голема борба и бројни создадени шанси единствениот гол на мечот беше постигнат во 79-тата минута. 

Арон Ван-Бисака ја уфрли топката во шеснаесетникот на гостите, а Французинот, Рафаел Варан добро ја следеше и со глава ја упати во мрежата, поставувајќи ги конечните 1:0 за Јунајтед. 

Во следното коло, Манчестер Јунајтед го очекува деби во Лондон со Тотенхем, додека Вулверхемптон го пречекува Брајтон.