И втор пораз денеска од Израел за кошаркарите на Македонија. Сениорите очекувано загубија и тоа високо со 86-65 на претквалификацискиот турнир за Олимписките игри 2024 во Париз.
Избраниците на Јончевски се држеа во првото полувреме кое заврши со 37-28 за противникот.
Натпреварот се реши во третиот дел кој израелците до добија со 25-13. Мора да се напомене нашиот лош шут за три поени (5/23) и од линијата за слобони фрлања (12/21).
Израелците не натскокаа во целост, имаа дури 17 скока повеќе од нас.
Само Американецот, Ти-Џеј Шортс беше во својот препознатлив ритам каде даде 22 поени. Кај Израелците најпрецизен беше Роман Соркин со 21 поен.
Утре од 18.часот играме против домаќинот на турнирот Естонија, а турнирот го завршуваме против Чешка во вторник.