Екипата на Арсенал со трофеј ја почнува новата сезона во Англија.

Во годинешното издание на „Комјунити Шилд“ купот Арсенал во драматичен финиш и подобро изведување на пенали го совлада Манчестер Сити.

Во возбудливото второ полувреме беа постигнати двата гола. Шампионот Манчестер Сити поведе во 71-минута со голот на младиот Палмер.

Кога сите на „Вембли“ очекуваа крај, а навивачите од Манчестер веќе го славеа трофејот, стигна израмнување.

Во десеттата минута од судиското дополнение (100-та на натпреварот) Тросард шутираше од околу 20 метри, а топката се одби од Аканџи и го измами Ортега, за бурното славје на „топчиите“.

Во пенал „рулетот“ повеќе нерви имаа фудбалерите на лондонскиот тим. Де Бруине и Родри не реализираа за „граѓаните“ чија судбина ја запечати Виеира.

Со тоа Арсенал го продолжи максималниот ефект на 3 од 3 во финалињата на ова натпреварување. Арсенал го освојуваше трофејот и во двете претходни финалиња во „Комјунити шилд“. 2020-тата со победата над Ливерпул, односно 2017-тата совладувајќи го Челзи на пенали.

Манчестер Јунајтед и убедливо најуспешен во ова натпреварување со 21 трофеј. По него следува Арсенал за кого ова е 17-ти трофеј,  односно еден повеќе од Ливерпул (16). Манчестер Сити ќе почека за седмиот трофеј.