Со пет натпревари одиграни попладнево стартување новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Најголемо внимание привлече натпреварот во Струмица каде ребрендираниот состав на АК Брера го победи повратникот во Првата лига, скопски Вардар.

Во интересен натпревар во кој поконкретни шанси имаа домаќините, еден гол го реши мечот. Во 59-тата минута Ѓорѓи Јанкулов се прекрасен гол од 20-тина метри му донесе предност на својот тим 1-0, резултат кој остана до крајот на натпреварот.

Предноста на домашниот терен ја искористи и шампионот Струга ТЛ кој го победи новајлијата Гостивар. Минимална победа пред своите симпатизери на стартот впиша о Тиквеш кој со голот на Ивановски (42) славеше над Македонија ЃП.

Еден гол во мрежата на новајлијата Воска Спорт беше доволен Шкендија да ја впише првата победа, а во Штип, се одигра најефикасниот натпревар во кој Брегалница славеше над Силекс со 2-1.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА – 1.коло (17 часот)
сабота
АП БРЕРА Струмица – ВАРДАР 1-0
ВОСКА Спорт – ШКЕНДИЈА 0-1
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР 2-0
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 1-0
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 2-1
понеделник
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (стадион „Борис Трајковски“ Маџари од 17 ч)