Алеиш Еспаргаро од тимот на Априлија победи на дождливата трка во Силверстоун за ГН на Британија.
На славната трка Шпанецот успеа да дојде до сензационална победа откако од 12-тото. место буквално во последниот круг го мина Франческо Бањаја и славеше втор пат во кариерата во „кралската класа“.
Прв пат од почетокот на сезоната не доминираа возачите на Дукати, а за момент приматот го преземаа возачите на Априлија, каде дури тројца возачи се пласираа во топ 5 на крајот.
Неговиот тимски колега Маверик Вињалес заврши на петтото место, пред него беше Мигел Оливеира.
Се до последниот круг голема борба за водеше за позициите два, три, четири и пет. Во последниот круг Еспаргаро се реши на храбар потег. Го нападна Бањаја и на крајот го мина за победа.
Место на подиумот имаше и за Бред Биндер од КТМ. Во топ 10 се пласираа и Оливеира, Вињалес, Мартин, Марини, Милер и Зарко.
Во генералниот пласман води Бањаја со 214 бода, втор е Мартин со 173, а трет е Безеки со 167. Победникот Еспаргаро се наоѓа на 6-тото место со 107 бода.
Следната трка на програмата е на 20-ти август за две недели кога ќе се вози трката за ГН на Австрија, на патеката Ред Бул Ринг.