Лошиот терен на арената „Тодор Проевски“ е причината поради која во наредниот период нема да се игра ниту еден фудбалски натпревар таму.

Иако за викендов на овој терен беше планиран дуелот меѓу Работнички и Шкупи, на стартот на Првата лига, сепак тој ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари (понеделник 17 часот).

Воедно и Струга Трим Лум е принудена да менува. Стружани требаше на „градски“ во четврток (10 август) да бидат домаќини на на Есперанж во квалификациите за Конференциската лига. Сепак и тоа нема да се случи. Споменатиот натпревар ќе се играат на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ (17 часот).

И „вечното дерби“ меѓу Вардар и Шкупи кое е во рамките од 2.коло на ПМФЛ нема да се игра на нашата најголема арена.

Со тоа ќе се даде доволно време за надлежните да го санираат и подготват теренот за евро-квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Италија закажан за 9-ти септември.