Фудбалерите на Шкупи попладнево ќе го одиграат реванш натпреварот со Левски, во 2-коло од квалификациите за Конференциската лига.

Шкупи на гостувањето во Софија, покрај негативата од два гола, нема да ја имаат ниту поддршката од своите навивачи. 

УЕФА забрани присуство на „шверцерите“ на реванш дуелот што ќе започне од 19 часот.

Задачата сигурно нема да биде лесна, а тоа се потврди и на првиот меч во Скопје, на кој бугарската екипа знаеше и умееше како да стигне до посакуваниот резултат.

Сега фудбалските на Левски ќе ја имаат и поддршката од трибините кои ќе бидат исполнети до последното место.

Дополнително атмосферата ќе биде вжештена по немилите настани кои се случија пред и за време на натпреварот минатата недела.

Победникот од овој двомеч во третата квалификациска рунда ќе игра со победникот од дуелот Хапоел Бер Шева од Израел и Паневезис од Литванија.

Дали чаирчани можат да се надминат прво себеси, а потоа да го минат и Левски ќе видиме на натпреварот што ќе започне од 19 часот.