Европските гиганти своите подготовки за новите сезони ги продолжуваат со контролните натпревари и на азиската турнеа.
Љубителите на фудбалот во Сингапур имаа можност да уживаат во ефикасен натпревар во кој беа постигнати седум гола, а победа оствари Баерн со 4:3.
Ливерпул имаше и два гола предност. Серијата ја отвори Коди Гапко уште во 2-та минута, а Ван Дајк во 28-та зголеми на 2:0.
Упорноста на германскиот тим се исплатеше во продолжението кога со два гола за девет минути, Баерн стигна до израмнување. Гнабри во 33-та намали на 1:2, додека Сане во 43-тата минута израмни на 2:2.
Иако во вториот дел двајцата тренери направија повеќе измени, темпото не попушти. Баварците се обидуваа да стигнат до трет гол, но Ливерпул преку Дијас во 67-минута повторно поведе со 3:2. Но, тоа не беше крај на возбудувањата.
Во 80-тата минута по слободниот удар од левата страна, Хрватот, Станишиќ најдобро се снајде и го израмни резултатот на 3:3. И кога сите очекуваа крај на натпреварот, во судиското дополнение Крациг со фантастичен гол му донесе победа на Баерн со 4:3.
Двата тима до почетокот на сезоните во Бундес и Премиер лигата ќе одиграат уште по еден контролен натпревар.
На стартот на сезоните двата тима ќе играат дерби натпревари. Баерн на 12-ти во Супер купот игра со Лајпциг, а Ливерпул на 13 август гостува кај Челзи.