Бојан Миовски на најубав можен начин се врати на фудбалските терени. Македонскиот репрезентативец кој имаше посериозна повреда, поради која ги пропушти натпреварите со Украина и Англија, денеска постигна гол.
На пријателскиот натпревар на неговиот тим Абердин на гостувањето кај Чарлтон славеше со 3:2.
Миовски беше стрелец на третиот гол за убедливо водство на шкотскиот тим.
Ова е добра најава и за селекторот Благоја Милевски пред продолжението квалификациите за ЕП закажани за септември.