Македонскиот пливач Андреј Стојановски го собори сопствениот рекорд воедно и рекорд на Македонија на 50 метри грбно во квалификационата трка на Светското првенство во спортови на вода што се одржува во Фукуока.
Стојановски постигна време од 27.35 секунди и за 29 стотинки го подобри своето најдобро време. Тој го освои второто место во својата група зад Хансел МекКејг од Фиџи кој победи со време 26.97 секунди.
Најдобро време во квалификациите постигна Американецот Џастин Рејс – 24.18 секунди.
Ова воедно беше и последниот настап на македонските пливачи на Светското првенство.