Одамна е пракса Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) редовно да упатува поддршка на останатите македонски спортисти пред нивните значајни настапи.
И овој пат, ФФМ се држи до традицијата, па сега поддршката е наменета за машката ракометна репрезентација, која в вечерва го започнува својот осми настап на Светските првенства.
Во објавата на својот „Фејсбук профил“, се вели:
Се чини дека оваа година започнува нова ера за македонската ракометна репрезентација.Зад нас оставивме големи имиња на големи натпреварувања.
Погледот напред нуди нови амбиции.Да се надеваме дека во „ДНК-то“ на оваа репрезентација ја има таа важна карактеристика – „знаат да победуваат“.
Со среќа на натпреварите од Светскиот ракометен шампионат!
Македонските ракометари вечерва од 20:30 часот, го играат првиот натпревар во групата и тоа со топ фаворитот Норвешка.