Фудбалерите на Арсенал и Барселона им приредија вистински уживање на гледачите присутните на стадионот во Лос Анџелес.
Во дуелот со дури осум голови „топчиите“ победија со 5:3.
Уште во првиот дел беа постигнати четири гола. Барселона двапати водеше со головите на Роберт Левандовски (7-минута) и Рафиња (34).
Сепак Арсенал се врати преку Сака (13) и Хаверц (44), а Сака не искористи и пенал (22).
Арсенал подобро влезе во вториот дел. Со двата гола на Тросард (56 и 76) англискиот тим поведе со 4:2.
Феран Торес (83) го намали резултатот, но во последната минута (90) Фабио Виеира погоди за конечни 5:3.