Одбојкарите на САД се вторите финалисти на завршниот „фајнал-ејт“ турнир во Светската лига на нации.
Во вториот полуфинален меч, Американците ја „демолираа“ Италија со убедливи 3:0 во сетови.
Експресно за само 80-минути американските одбојкари ги добија трите сета, доминирајќи буквално во секој сегмент од играта.
За тоа најдобро говори и бројот на освоени поени на Аѕурите кои ви ниту еден од трите сета не стигнаа до бројката 20. Во првиот и третиот сет Италијанците освоија по 19, а во вториот 18 поени.
Така утре во големото финале за првиот трофеј во Светската лига на нации ќе играат домачинот Полска и селекцијата на САД. Финалниот меч на програмата е од 20 часот.
Претходно (од 17 часот) во дуелот за бронзата ќе играат Јапонија и Италија.