Четири ракометарки си заминаа од тимот на Вардар. Станува збор за капитенот Бојана Диневска, Ивана Џатевска, Сара Миновска и голманката Јована Трајковска.
Засега се знае само дека Ивана Џатевска потпиша договор со тимот на Чаир, додека за другите девојки сеуште не се знае во кој клуб ќе продолжат.
ЖРК Вардар за наредната сезона најави едно засилување. Станува збор за Нина Милевска, која доаѓа од ЖРК Кузман и игра на позицијата лев бек.
Се очекува до почетокот на подготовките Вардар да ги претстави и новите засилувања за сезоната што следува.
Ивона Кимовска