Екипата на Македонија Ѓорче Петров го заврши својот настап на европската сцена. Ѓорчепетровци и по втор пат се поразени од летонскиот тим РФС Рига, во квалификациите за Конференциската лига.
Откако во Скопје загубија со 0:1, Ѓорчепетровци сега на гостувањето во Рига се совладани со 1:3.
Иако во првиот дел имаа повеќе од играта создадоа и три убави шанси за гол, сепак во финишот примија гол и на паузата заминаа со негатива (0:1).
Тоа не ги поколеба, па само пет минути игра во второто полувреме Кристијан Стојкосвки израмни на 1-1. Се обидуваа да стигнат и до водство, но тоа домашниот состав знаеше како да го казни. По една брза контра, а со својот втор гол Цедрик Куадио во 58.минута одново му донесе предност на РФС.
Десет минути подоцна (68), по корнерот од левата страна Паниќ беше стрелец на нов гол за ведство од 3:1. Речиси на идентичен начин во 86-минута Илиќ постигна гол и ги постави конечните 4:1.
Македонија Ѓ.П. може да жали пред се за пропуштеното во воведните 20-тина минути, па „лавовите“ кои чесно се бореа на крајот мораа спортски да подадат рака на подобриот противник.