Екипата на Македонија Ѓорче Петров може да жали за пропуштеното  во првиот дел поротиви РФС Рига. 

На реваншот од првото квалификациско коло за Конференциската лига, што се игра во Рига, „лавовите“ од Ѓорче Петров веќе имаат три големи шанси, а казната дојде на спротивната страна.

Првата идеална уште во 14-минута кога Фазли изби сам пред домашниот голман, но како да се исплаши од можноста. Истиот фудбалер три минути подоцна се обиде од далечина. Сличен обид имаше и Самаке во 20-тата минута. 

И кога вакви можности нема да се искористат вообичаено следува казна. За тоа се погрижи Цедрик Куадио кој во 43-тата минута постигна гол за домаќините. 

Потсетување дека првиот натпревар во Скопје заврши со минималната победа на летонскиот тим со 1-0.