Од денеска па се до 20 август во Австралија и Нов Зеланд ќе се одржува Светското фудбалско првенство во женска конкуренција. 

На отворањето, а на голема радост на ко-домаќинот, Нов Зеланд. До својот историски прв триумф, фудбалериките од Нов Зеланд стигнаа со минимални 1- 0во дуелот со Норвешка. Победничкиот гол го постигна Хана Вилкинсон во 48-та минута.

Денеска, точно на пладне (12 часот) ќе се одигра и вториот натпревар. Во него втората селекција кој ја има улогата на ко-домаќин, Австралија за противник ја има репрезентацијата на Ирска.

Ова ќе биде деветто Светско првенство за жени, а најуспешна репрезентација во историјата се Американките кои во Океанија доаѓаат со епитетот на два последователни светски шампиони.

Тие вкупно четири пати освоија злато, а покрај нив на тронот два пати беа Германија и по еднаш Норвешка и Јапонија. 

32-те репрезентации се поделени во осум групи.

Група А: Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, Филипини.
Група Б: Австралија, Република Ирска, Нигерија, Канада.
Група Ц: Шпанија, Костарика, Замбија, Јапонија.
Група Д: Англија, Хаити, Данска, Кина.
Група Е: САД, Виетнам, Португалија, Холандија.
Група Ф: Франција, Јамајка, Бразил, Панама.
Група Г: Шведска, Јужна Африка, Италија, Аргентина.
Група Х: Германија, Мароко, Колумбија, Јужна Кореја.