Репрезентациите САД и Италија го формираа првиот пар за полуфиналето во Светската одбојкарска лига на нации.
Ова е исходот по првите четвртфинални дуели на завршниот „фајнал-елт“ турнир што се одржува во Гдањск, Полска.
Италијанците лесно и убедливо во три сета ја добија пресметката со Аргентина со 25-17, 25-13 и 25-14.
Затоа пак во второто четвртфинален дуел беа одиграни максимални пет сета. Во реприза од ланското финале во Болоња (Италија), играа САД и Франција. Овојпат, Американците славеа со 3:2 во сетови (25-21, 25-18, 17-25, 24-26 и 15-9).
Така ова натпреварување ќе добие нов шампион, бидејќи „Триколорите“ кои триумфираа лани сега се елиминирани.
Полуфиналниот меч меѓу САД и Италија ќе се игра во сабота (22 јули) за кога е закажан и вториот полуфинален меч. Во него ќе играат подобрите од утрешните натпревари меѓу, Јапонија – Словенија и Полска – Бразил.
Дуелите за медал, на програмата се во недела.