Вардарци немаа воопшто среќа при денешното извлекување за влез во Европа Лигата. За противник црвено-црните го добија ни повеќе ни помалку, Рајн Некер Левен.
Најтрофејниот македонски ракометен колектив, Вардар 1961 по пауза од една година се враќа на меѓународна сцена. Избраниците на Недановски добија зелено светло за учество во Евро-куповите, поточно во бараж натпреварот за влез во второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа.
Сепак денешниот ждреб не беше воопшто наклонет кон македонскиот претставник, па „Црвено-црните“ за пласман во групната фаза ќе треба да го победат германскиот гигант Рејн Некар Левен.
Првите натпревари се играат на 26/27 август, реванш натпреварите една недела подоцна.
Вардарци првиот натпревар го играат на домашен терен, во салата Јане Сандански.