Додека Грците очекуваат евентуален „кам-бек“ на Јанис Антетокумпо во репрезентацијата за претстојното Светско првенство, асот на Милвоки има други планови.
Тој реши да се препорача на пребогатите Арапи.
Јанис на својот Инстаграм профил ги покажа своите фудбалски способности, со прашање до челниците на клубовите од Саудиска Арабија кои се многу дарежливи при ангажирањето на големи ѕвезди ова лето – „Ви треба ли напаѓач“!?
Арапските клубови изминатиот период потрошија стотици милиони – милијарди долари, за да доведат голем број на фудбалски ѕвезди во своите екипи.