Македонскиот вице-првак Шкупи веќе се во следното коло на Конференциската лига.
Иако треба да се одигра и реванш дуел и тоа во Скопје, чаирчани веќе ја завршија својата работа.
На првиот дуел на гостувањето во Литванија, го совлада составот на Хегелман со убедливи 5-0.
Четири од петте гола ги постигна Јамахканецот, Реналдо Цефас (по два во двете полувремиња). Во листата на стрелци се впиша и Куевен.
Со овој убедлив триумф, чаирчани веќе ја завршија работата, па реваншот во Скопје, следниот четврток, ќе биде само чиста формалност.