Екипата на РФС Рига е противник на Македонија Ѓорче Петров во првиот квалификациски дуал за Конференциската лига.

Летонскиот тим е во одлична натпреварувачка форма. Тие веќе зад себе летово имаат 22 одиграни натпревари во домашното првенство и сеуште немаат пораз, но време е да ја почувствуваат горчината на неуспехот, смета капитенот на „лавовите“ од Ѓорче, Филип Мишевски.

„Знаеме дека РФС нема пораз сезонава, па можеби е време да го доживеат првиот.
Одлично се подготвувавме и сметам дека ќе одговориме на предизвикот, да одиграме максимално во текот на целиот натпревар“, истакна капитенот Мишевски.

Натпреварот ќе се игра утре на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ со почеток од 17.30 часот.