УЕФА подготви нов формат на натпреварување во сите три европски купови од следната сезона 2024/25. Повеќе нема втора шанса за екипите кои ќе бидат елиминирани по фазата по групи.
Имено УЕФА го укинува плеј-офот, односно вкрстување на клубови од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига во првата нокаут фазата.
Практично, третопласираните екипи од групната фаза на Лигата на шампионите повеќе нема, како да играат плеј-оф со второпласираните екипи од Лигата на Европа во осминафиналето.
Истото важи и за третопласираните екипи од Лига Европа и второпласираните од Конференциската лига.
Со ова УЕФА сака да им ја ускрати шансата на „неуспешните“ и да ги награди оние кои се истакнале во нивната конкуренција.
Групни фази од Лигата на шампионите на УЕФА, Лигата на Европа и Конференциската лига во сезоната 2024/25, ќе има по 36 екипи и ќе се игра во истите формати.
Според форматот, во Лигата на шампионите со ждрепка ќе се одлучува секоја екипа да одигра по 10 натпревари: пет дома и пет на гости. Споменатите 36 клуба ќе бидат распоредени по ранг во четири квалитативни групи. Така, клубот од првиот шешир ќе одигра два натпревари против клубот од истиот ранг, три против клубовите од вториот шешир, три против клубовите од третиот шешир и два против клубовите од четвртиот шешир.
Осумте првопласирани директно ќе обезбедат пласман во осминафиналето, а останатите осум ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите на екипите пласирани од деветтото до 24.место на табелата. Групниот натпревар ќе трае од септември до јануари.
Европската лига и Конференциската лига исто така ќе бројат по 36 екипи, со мала разлика во однос на ЛШ.
Секој клуб ќе одигра по осум натпревари во Лига Европа, а шест во Конференциската лига. Најдобрите осум ќе се квалификуваат во нокаут фазата автоматски, додека оние кои ќе завршат од 9-то до 24-то место, исто како и во Лигата на шампионите, ќе играат плеј-оф за пласман во осминафиналето.