По еден ден одмор, младинската женска репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години, денеска ќе го одигра третиот натпревар на европското првенство што се одржува во Романија.

По двата порази од Црна Гора и Данска избраничките на селекторката Јулија Димовска денеска ќе се надигруваат со врсничките од Чепка, селекција која како и нашата беше поразена во двата натпревари со истите ривали.

Така без разлика на исходот по меѓусебниот дуел Македонија и Чешка ќе завршат на 3-тото и 4-тото место на табелата во Д групата, што ќе значи и разигрување со исто рангираните селекции од за пласман од Ц групата и тоа за пласман од 9 до 16 место.

Дуелот меѓу Македонија и Чешка ќе започне од 14 часот и 15 минути, а натпреварот можете да го гледате на следниот ЛИНК