Шпанскиот стручњак Луис Енрике и официјално е новиот тренер на францускиот шампион Париз Сен Жермен, потврдија од клубот.
53-годишниот Енрике, кој до неодамна беше селектор на шпанската репрезентација, доаѓа на местото на Кристоф Галтие, кому очекувано му беше прекината соработката по новиот неуспех на „Светците“ пред се во Лигата на шампионите.
„Знам дека ќе има голем притисок, но притисокот мене ме мотивира. Има најмалку 10 клуба во светот со амбиции како ПСЖ, но ќе направиме се од себе за да бидеме подобри од ни“, изјави Енрике на промоцијата.
Енрике кој потпиша две годишна соработка со ПСЖ на денешното преставување на кое беше и сопственикот на клубот, Насер Ал-Хелаифи најави дека ќе стори се конечни Парижаните да се израдуваат на трофејот во елитната Лига на шампиони.