Бразилскиот напаѓач Роберто Фирмино е промовиран како ново засилување за Ал Ахли од Џеда. Поранешниот репрезентативец пристигна како слободен играч по истекот на договорот со Ливерпул и потпиша договор до летото 2026 година.
Бразилецот е второто големо засилување на Ал Ахли ова лето и секако најголемото во историјата. Пред него во клубот пристигна голманот Едуард Менди од Челзи во трансфер вреден 18.милони евра за договор вреден 11.милиони евра годишно.
Фирмино финансиски се снајде многу подобро. Во Ал Ахли во следните три години ќе заработува дури 20.милиони евра по сезона, односно четири пати повеќе отколку во Ливерпул.
Најголемото странско име во историјата на Ал Ахли досега беше поранешниот играч од средниот ред на Барселона и Тотенхем, Паулињо. Бразилците се убедливо најзастапената нација која играла за Ал Ахли, бидејќи Фирмињо е 35-ти во низата.
Пред една година Ал Ахли го претрпе најтешкиот удар во историјата на клубот кога првпат испадна во втората лига. Откако се врати сега гради тим кој ќе им парира на најголемите ривали.