Фудбалерите на белградска Црвена Звезда успешно го започнаа турнирот во Санкт Петербург. Тие вечерва пред 17.770 гледачи го победија домашниот Зенит со 2:1.
Гостите од Белград поведоа во 40-минута по акцијата и нафрлувањето на Стефан Митровиќ, а на вистинското место се најде Мирко Иваниќ, кој со глава ја испрати топката во голот на Зенит за водство од 1:0.
Зенит израмни во 63.минута по акцијата на Василиев кој со прецизен удар од околу 13-14 метри го совлада гостинскиот голман.
Финишот на мечот и припаѓа на Црвена Звезда, која по акцијата на младиот Шљивиќ преку Кингс Кангва изнуди пенал, кој успешно го изведе Жан Филип Красо за победа со кончени 2:1.
На меѓународниот турнир покрај Зенит и Црвена звезда ќе настапат и Фенербахче (Истанбул, Турција) и Нефтчи (Баку, Азербејџан), тим против кој црвено-белите ќе играат за четири дена.