Европската фудбалска федераци9ја (УЕФА) го објави рангирањето на националните првенства на Стариот континент. Според најновото, француската Лига 1 повеќе не е во ТОП 5-те во Европа.
Земајќи ги во предвид постигнувањата на тимовите од сите земји во европските клупски натпреварувања, Французите се сега зад Холанѓаните, кои се петто рангирани. И натаму најквалитетен фудбал се игра во англиската Премиер лига, по која следуваат шпанската Примера, италијанската Серија А, па германската Бундес лига.
Што се однесува во македонската Прва лига, таа е на прет-претпоследното место во Европа.
Во конкуренција на 55 рангирани лиги, мак-фудбалот односно Првата лига е рангирана на 53.место, а зад нашата се само лигите на Андора и Сан Марино.
Верувале или не, но пред македонско првенство се „аматерските лиги“ на Лихтенштајн (31 место), Фарски Острови (41), Малта (44), Луксембург (46), па дури и Гибралтар чија лига е рангирана две позиции подобра од нашата, а за утхеша и пред црногорската.