Женската пионерска репрезентација на Македонија за одбојкарки до 17 години го претрпе и третиот порез на Балканијадата.
Македонските одбојкарки денеска се поразени со 3:0 во сетови од врсничките од Романија во разигрувањето за пласман од 5 до 8 место.
Првиот сет, во кој Романките имаа и пет поени предност, нашите одбојкарки успеаја да се вратат во игра, но не и да направат целосен пресврт, па противничките го добија сетот со 26-24.
Во вториот сет Романките доминираа и на напите одбојкарки им препуштија само 11 поени (25-11).
И третиот сет иста слика на теренот. Романките едноставно доминираа и го добоја сетот со 25-10, за кончени 3:0 во сетови.
За избраничките на селекторот на Александар Митев, останува да го одиграат уште последниот натпревар, утре во обид да го избегнат последното место 8-мо на Балканското првенство.
Противникот ќе биде поразената селекција од дуелот меѓу Црна Гора и Молдавија, а натпреварот ќе се игра во терминот од 10 часот и 30 минути.