Капитенот на Челзи, Цезар Аспиликуета ги договори личните услови со Интер, се беше подготвено за трансфер, но се чини дека овој Шпанец нема да оди во Милано, туку во Мадрид.
Имено, Атлетико Мадрид одеднаш се вклучи во трката за искусниот дефанзивец, а членовите на неговото семејство, желни за враќање во Шпанија, наводно ја поддржуваат таа опција.
Тренерот на Атлетикo, Диего Симеоне го сака во својот тим. Оваа информација ја пренесе добро информираниот новинар Фабрицио Романо и се чини дека преселбата во Мадрид е завршена работа.
Аспиликуета се договори за двегодишен договор со Интер, но на крајот се случи голем пресврт, па дефанзивецот ќе потпише двегодишен договор со „јорганџиите“.
Аспиликуета e во Челзи од 2012 година и за девет години со овој тим ги освои сите најважни трофеи. Тој беше под договор до следното лето, но Челзи ќе го пушти во Атлетико без обештетување и како слободен играч, во знак на благодарност за се што направи за клубот.