Кога Кајри Ирвинг мина во редовите на Далас, сите кошаркарски стручњаци, коментатори, па дури и навивачи потенцираа едно, Дончиќ и Кајри „не можат да соработуваат“ кога двајцата се на паркетот, а тогаш се појавуваат проблеми.

Затоа сите очекуваа дека Ирвинг ќе си замине, но тоа нема да се случи.

Кајри беше слободен играч летово, и можеше да избере нова средина, но на крајот ја прифати понудата на Далас и тоа вредна 126 милиони долари за три години.

Осумкратниот ол-стар играч на тој начин ќе има договор колку и Лука Дончиќ, па „Маверикс“ сега имаат обврска, а тоа е да се обидат да го соборат од врвот нивниот најголем конкурент во западната конкуренција и актуелниот шампион Денвер „Нагетс“.

Тоа не е се, Далас го сака и поранешниот прв пик на драфтот, Деандре Ајтон, кошаркарот на Феникс кој имаше 18 поени и 10 скока по натпревар изминатата сезона, а во замена за Џавале Мекги, Ришон Холмс и Тим Хардавеј Џуниор.

Дали е ова победнички рецепт на Далас, времето ќе покаже.