На Европските игри во Краков денеска настапи Димитар Пејчиновски, кој не претставуваше во текбол, или популарно кај народот „серва на табла“

Пејчиновски ги загуби двата натпревари во рамките од А групата и го заврши својот настап.

Во првиот меч за противник го имаше Кестутис Балчиунас од Литванија од кого загуби со 2-1 во сетови. Иако првиот сет го доби нашиот натпреварувач со 12-10, сепак следните два му припаднаа на Литванецот со 12-2 и 12-6.

Во втората рунда, Пејчиновски беше надигран од домашниот натпреварувач Адриан Душчак од Полска кој двата сета ги доби со убедливи 12-3 и 12-2.