Битолски Пелистер ги започна подготовките за новата сезона во Втората фудбалска лига. Ако битолчани минатата сезона не успеаја да се вбројат во трите екипи кои ќе играат прволигашки фудбал, секако Пелистер тоа ќе се обиде да го стори следната сезона.
Пелистер на денот на почетокот на подготовките претстави двајца нови фудбалери кои доаѓаат од ФК Караорман, а тоа се Марио Дебрешлиоски и Давид Јошески.
Воедно со тренинзи со првиот тим се приклучуваат и тројца млади играчи од школата на пелистерци и тоа, Габриел Крстевски , Андреј Силјановски и Натаниел Димовски.
Тренерот Влатко Костов ќе има тешка задача да го врати Пелистер онаму каде припаѓа во Првата македонска лига.
Филип Василевски