Европската фудбалска федерација (УЕФА) го подготви својот квалификациски модел за Светското првенство во 2026 година, па сега Светската фудбалска федерација (ФИФА) останува да го прифати, корегира или отфрли предлогот.

Идејата на УЕФА за тоа како селекциите од Стариот континент ќе се борат за 16 места на натпреварување, односно Мундијалот што ќе се одржи во во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Таа идеја предвидува европската борба за Мундијалот да биде поделена на групна фаза и плеј-оф. Групната фаза ќе се состои од традиционалниот формат на натпревари во лигата на домашен и на гостински терен, а ќе се игра во 12 групи со по 4 или 5 репрезентации во периодот меѓу март и ноември 2025 година.

Сите 12 победници ќе се квалификуваат за Светското првенство, додека сите второпласирани ќе играат во плеј-офот во март 2026 година. Во истото натпреварување би се приклучиле и четирите највисоко рангирани (победници на групите) од Лигата на нации на УЕФА 2024/25, кои не ја завршиле групната фаза од европските квалификации на прво или второ место. Во плеј-офот би се играл еден натпревар во полуфиналето и еден натпревар во финалето, истовремено со интерконтиненталниот плејоф.

Следниот Мундијал ќе биде историски, бидејќи бројот на учесници од 32 се зголеми на 48 селекции.